Lifestyle

Sistina Ophthalmology Experience

Здраво дечки! Решив да споделам уште едно прекрасно lifestyle искуство. Сите оние кое ме пратат може да забележат дека ретко се случува да ги носам моите наочари за вид. Во последно време приметувам дека мојот вид за далеку ослабува се повеќе, па решив да направам испитувања. Бидејќи немам навика да носам наочари, а и леќи воопшто, морав да најдам решение за мојата миопија. Во потрага по добар офталмолог, налетав на Систина Офталмологија и закажав преглед кај д-р Фанка Гилевска.

На основниот преглед ми измерија диоптрија и очен притисок и докторката ми кажа дека ако сакам да не носам леќи или наочари, најдобро и наједноставно решение е да ја направам ласерската корекција на диоптрија. Но, за да знам дали и јас можам да ја направам, морав да направам комплетен очен преглед.

Што се’ ми направија на прегледот за ласерска корекција на диоптрија?

– Д-р Фанка ми зема податоци колку години имам, какви се моите секојдневни активности, дали и колку време носам леќи или очила.

– Со помош на апаратот пентакам ми направија 3Д анализа на окото на предниот и задниот дел од окото. Со помош на овој апарат ми проверија дал имам некоја неправилност и дали сум кандидат за овој тип на интервенција.

-Ми ставија капки за ширење на зениците за да може да се прегледа дали имам диоптрија која на почетокот од прегледот не се покажала.

При прегледот, мене ми открија поголема диоптрија од претходната, и пукнатина на задниот дел од ретината. Доколку го направев само обичниот преглед никогаш немаше да знам дека моето око ако претрпи удар може да дојде до пукање на целата ретина. После сите овие испитувања, советот што го добив од д-р Фанка Гилевска беше дека јас можам да ја направам ласерската корекција на диоптрија, но пред да направам, треба да направам и ласерски зафат за прилепување на областа околку ретината каде што има пукнатина. Од кога ќе го направам овој зафат, јас ќе бидам подготвена за ласерската корекција на диоптрија. Прекрасен тим, гостопримливост и професионалност на ниво.

Секоја чест. Тоа е главната причина поради која го споделувам ова искуство со вас. Ви благодарам за прекрасното искуство Систина Офалмологија и се гледаме на ласерска корекција.

photography>Lorenco Naumov

You Might Also Like

No Comments

Leave a Reply