Fashion

INNERBLOOM PT.2

Многу прашања во животот не носат одговори, конкретни. И за многу одговори некогаш не ни постоеле прашања. Затоа не треба да ги форсираме работите, да ги преразмислуваме и сами да си создаваме бури, најчесто непотребни.

Денес слушнав многу добра реченица. Ако е правилно, ако ти е убаво, направи го. ХЕДОНИЗАМ. Живеј го животот, носи со себе добра енергија. Енергијата е она што не движи. Некогаш зборовите не се потребни. Енергијата се кажува. И не очекувајте дека секој ден мора да биде сјајен, не ни треба да биде. Како ќе научиме да се бориме во животот, ако се ни е дадено туку така? Како ќе научиме во животот да се цениме, ако се ни е супер?

Делот кој си го нареков Innerbloom прерасна на некој начин во дневник, заедно со B.U. Absolute Me, кој ми дозволи да се искажам, да споделам дел од себе. А сега е твој ред! Искреирај ја твојата кратка приказна на нивната платформа. Одвај чекам да ги прегледам вашите приказни.

И како и секогаш, најинспиративните приказни ги наградуваме.

– iPhone 7 Rose

– 2 влезници за Exit Festival

– B.U. Absolute Me сетови

 

#BUAbsoluteMeStories 

 

Еmbroidered Shirt – Magda Station

Jeans – Koton

Shoes – Converse

Bag – local store in Brussels

Sunnies – Miss Spice

You Might Also Like

No Comments

Leave a Reply