Fashion

BE ABSOLUTE YOU

Најдоброто нешто што некој може да ти го даде е слобода за креативност. Она што си ти, како се чувствуваш, на кој начин се изразуваш. За тоа ме радува секоја следна кампања на B.U..

Потполно различно, но центарот на внимание, пак, сте вие. Вистинските ВИЕ.

Бидејќи во последно време блогот ми заликува на дневник, и искажување на тоа како јас се чувствувам, спремна сум за уште една приказна, заедно со B.U..

Кога го отворив блогот кажав дека сакам да ве натерам сите да се чувтвувате MAJESTIC, во своја кожа, и токму сега додека го пишувам овој текст, се враќам на својата ‘мисија’. Се погоди токму оваа кампања, во прав период, кој јас си го нарекувам INNERBLOOM.

Кога ќе те допре некоја мелодија, или нешто што те инспирира, е толку добро, што навлегуваш во светот каде што се градиш како подобра и пореална личност, а тоа најдобриот adrenaline shot што може да те преврти 360 степени, да те натера да сфатиш дека погледот кон светот е онаков како што ти ќе го направиш да биде. Работите што ќе продолжиш во животот да ги правиш, ќе бидат печат на едно време, посветено на твојот innerbloom. И тоа е добро, зашто никогаш не треба да се откажеш од твоите соништа, ама баш никогаш.

It’s time for innerbloom!

Кампањата наречена ABSOLUTE ME, со својата платформа, е местото каде може да ја искажете вашата приказна, она што навистина сте вие. Преку фотографија или видео. Дали е тоа пеење, дали е тоа цртање, сликање, дури и selfie. Начинот на кој мислите дека може најдобро да се изразите, вие, вашата женственост, нежност, љубов.

Наградите не секогаш се најважниот дел, но се голема мотивација.

– iPhone 7 –  за правење предобри фотки

– 2 влезници за Exit Festival –  едно поинакво искуство

– B.U. Absolute Me сетови – парфемот на пролетта

Овие слики кои се најдоа денес во овој пост, се слики кои ги направивме за време на Модниот Викенд, каде B.U. даде печат, како парфем за оваа сезона, заедно со цела кампања, која дефинитивно допре до многу луѓе

Во следниот пост ќе ви ја покажам мојата приказна која ја спремам за B.U. Absolute Me, која ќе се најде на нивната платформа. Пет слики или видео. Ги чекаме вашите #AbsoluteMeStories.

 

www.absolutemestories.com

Wearing Sari G

You Might Also Like

3 Comments

  • Reply
    Од девојка која е многу инспирирана од тебе ♥
    April 19, 2017 at 10:57 pm

    Навистина сум многу инспирирана од овај блог, од тебе и твоите постигнувања. Според постовите кои ги имаш објавено можам да проценам дека си личност која знае што сака, се труди тоа да постигне, вредна и знам дека во иднина ќе бидеш уште многу поуспешна. Сакам да ти кажам ти благодарам за убавите постови, продолжи така, чиста инспирација си!

    • Reply
      majesticbyalex
      April 29, 2017 at 4:02 pm

      Ти благодарам многу, секоја пофалба ме мотивира се повеќе да се трудам секоја девојка да ја натерам да се чувствува убаво во своја кожа <3 YOU MADE MY DAY!

  • Reply
    board of education
    May 18, 2017 at 3:53 pm

    Hello, constantly i used to check weblog posts here early in the daylight, because i love to find out more and more.

  • Leave a Reply