Uncategorized

#6MonthChallengeWithFitFamily Review

Поминаа веќе два месеци од #6MonthChallenge со Fit Family, па решив да направам преглед на моите резултати до сега.

– Главен проблем ми е исхраната, морам да бидам искрена. Обврските го прават своето, и поради недостиг на време, јадев минимално, колку да ја згаснам гладта. Поседниов месец дена мојата исхрана се подобри, јадам почесто и поздраво, и морам да кажам дека тоа е најдобиот момент што моето тело го доживува, а тука игра голема улога мојот тренер со кој константно се консултирам. Стресот е намален и се чувствувам постабилно и поенергично.

– Се мериме детално еднаш месечно, а килограми мериме еднаш неделно. Моите килограми се намалени, со што маснотиите се намалени, а зголемена е мускулната маса, највеќе тоа може да се забележи со струкот и нозете. Со оглед на тоа, сите мои фармерки треба да стеснат поради намалување на конфекциски број од 38 на 36.

– Со ТФМ преку инфра црвените зраци, значајно ми се намали и целулитот кој ми беше еден од најголемите комплекси кога ќе се погледнев во огледало.

– Мотивацијата не се сеќавам кога ми била толку голема. Eндорфинот и серотонинот си го прават своето. Поради желба за успех оваа година решив да се пријавам на Скопскиот Маратон и на Женска Трка, со мојот тим од Fit Family, со што подготовките за маратонот се веќе во тек.

– Како се чувствувам? Како нова личност, исполнета и мотивирана, и според мене тоа е најважниот елемент, да се чувствуваш убаво во своето тело.

 

Следи ја нашата приказна преку #6MonthChallengeWithFitFamily и #fitfamilymk

 www.fitfamily.mk

www.instagram.com/fitfamilymk

www.instagram.com/majestic.at

2 Comments

  • Reply
    Stefi
    March 2, 2017 at 11:11 am

    bravo, bravo. Se dodeka ti se cuvstvuvas podobro i po samouvereno kilogramite i obemot i ne se tolku bitni. Keep it up and good luck na maratonot 🙂 <3

  • Reply
    good22mogensen.jimdo.com
    April 6, 2017 at 11:44 pm

    Censorship destroyed what was distinctive in regards to
    theproviding. And now the site is blocked and it is
    like if a tree fell in the forest and there was no person there to listen to it. https://good22mogensen.jimdo.com/2017/01/31/what-you-don-t-know-about-apple/

  • Leave a Reply