Lifestyle

6 MONTH CHALLENGE WITH FIT FAMILY

Си ветив дека ќе бидам малце поискрена со луѓето што го следат мојот блог. Оваа отвореност има цел, барем за мене. Се почнува од тоа дека живееме во време каде луѓето се затвораат во себе и емоционалната интелегенција малце згаснува. Заборавивме на насмевките, на позитивната енергија, и стануваме дел од епидемија на лошо расположени луѓе. Ова  се повеќе се изразува и не можам да кажам дека  мене ме прескокна. Ми требаа добри 7 месеци да станам и да се изборам против ова.

Како се започна? Бев во потрага по место каде покрај физичкиот изглед, ќе работам и на мојот психички дел. Ги прецртав класичните теретани, затоа решив да пробам нешто поиндивидуално и дојдов во пресрет со Fit Family. Закажав консултација. Не бев толку возбудена, морам да признаам. Ми беше сеедно, бидејќи и претходно бев спортски активна, и не очекував кој знае што.

За луѓето што ме знаат, знаат дека верувам во енергија.  Зашто го кажувам ова? Токму поради мојата прва консултација, после која си отидов превозбудена. Во Fit Family ја пронајдов онаа топлина и позитивна енергија,тим кој е посветен на своите клиенти, кои покрај тоа што вежбаат, таму може да испијат чај, да прочитаат добра книга или списание. Потполна хармонија.

Делот што највеќе ми се допадна е посветеноста, и начинот на кој допираат подлабоко до клиентот преку три нивоа. Покрај вежбање со термо-физички метод, и кардио, голем дел од времето посветуваат на исхранта, и резулатите, кои константно се следат во дневник, и се регулираат преку консулатција co стручни лица.

Јас си ветив позитивни промени, и тоа го забележувам уште од самиот почеток, и сакав да го споделам со вас. Си ветив 6 Month Challenge with Fit Family, кој покрај во дневникот во Fit Family, ќе го споделувам на мојот блог заедно со вас!

Во следниот блог ќе ви раскажам повеќе!

#6MonthChallengeWithFitFamily

You Might Also Like

No Comments

Leave a Reply